| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар супериорен во градското дерби, Работнички победи во Тетово

Денеска на програмата во ПМФЛ беа сите пет натпревари од 15. коло.
Вардар во градското дерби беше домаќин на Металург кој не прикажа игра каква му доликува на прволигашот од Автокоманда. Вардар можеби го одиграа најдобриот натпревар оваа сезона победувајќи со 3-1. На моменти „црвено-црните“ си поигруваа со противникот и денешниот резултат можеше да биде и поголем, ако во финишот од акциите на вардарци беа поспретни. Асани беше двоен стрелец за Вардар во 33 и 47 минута, а третиот гол за Вардар односно првиот на натпревар го постигна Дашијан во 14 минута. Единствениот гол за Металург го постигна Стојановски од пенал во 71 минута, по една грешка на Гроздановски во својот шеснаесетик.
На три кола до крајот на есенскиот дел Вардар има седум бодови предност пред Работнички кој денеска славеше голема победа во Тетово против Шкендија истотака со 3-1.
И на натпреварот во Тетово имаше двоен стрелец, а тоа беше репрезентативецот Аце Стојков. Тој го отвори резултатот и го доведе Работнички во водство од 1-0 во 27 минута. Шкендија се созеде до шокот и 39 минута го измрани резултатот на 1-1 преку Кировски. Кога се очекуваше судијата на овој натпревар да означи крај на првото полувреме Алтипармаковски ги доведе „романтичарите“ до резултат од 2-1 на полувремето. Ова беше десетти гол за стрелецот Атлипармаковски и сега води на листата стрелци заедно со Вручина.
Во вториот дел играчот на Шкендија Усеини во 73 минута заработи црвен картон и ги урна сите надежи на тетовци да дојдат до поволен резултат. Надмоќната игра Работнички ја круниса со уште еден гол преку Стојков на четири минути до крајот на натпреварот.

Резултати: Вардар – Металург 3-1, Шкендија – Работнички 1-3, Турново – Тетекс 2-0, Брегалница – Ренова 2-0, Пелистер – Силекс 0-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top