| четврток, 6 декември 2018 |

Србија обвинува – Македонците го украдоа „лесковачкиот ајвар“ и го продаваат во САД

leskovacki-ajvar-udruzenje-leskovacki-ajvar-goran-jovic-ajvar-brend-makedon-1415055297-586709

Здружението Лесковачки ајвар, сопственик на истоимениот заштитен бренд ќе ги тужи произведувачите на ајвар од Гевгелија поради кражба и фалсификување на српскиот бренд. Според курир.рс тужбата ќе биде поднесена во Меѓународниот суд во Женева. Според натписот на српскиот портал, за време на неодамнешниот престој во САД , економската делегација од Лесковац на рафтовите во одредени маркети во Чикаго виделе тегли „лесковачки ајвар“, произведен во Гевгелија, Македонија. Според српски Курир, Македонија немало добиено дозвола за производство на ајварот. Инаку тегла ајвар чини 4 долари, а Балканците во Америка масовно ја купуваат.

Поради заштитата на „лесковачки ајвар“ како бренд со меѓународен сертификат од Лисабон, управата на лесковачката комора ќе ги тужи произведувачите од Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top