Во вториот квалификациски дуел на Македонската ракометна репрезентација против Чешка висока негатива по првото полувреме. Чешка – Македонија 18-11. избраниците на селекторот Ивица Обрван во првите 30 минути примија дури 18 голови. А одлично го стартувавме натпреварот и по првите 10 минути водевме со 6-3. Феноменален на голот беше Борко Ристовски кој прими само три гола. Нападот функционираше добро, течно. Се дистрибуираа топки и на пивот и на крило. Миркуловски и Кире Лазаров ја зголемуваа разликата. По 10 минута како да почна бродот да тоне. Чешка ги реализираше сите шанси од полуконтра и позиционен напад. Одбраната немаше решение, а во нападот Дејан Манасков промаши неколку чисти зицери од линијата од шест метри. Иако ослабени без првите две ѕвезди во тимот Филип Јиха и Павел Хорак очигледно чешкиот селектор одлично ја има прочитано нашата игра. Да се надеваме дека нашите репрезентативци ќе ја смират играта и пред со добра игра во одбраната ќе се обидеме да дојде до целосен пресврт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


