| четврток, 6 декември 2018 |

Тетекс се навикна на петки, Вардар и Работнички победуваат во серија

Тетекс се навикна на петки во домашното првенство, а Вардар и Работнички победуваат во серија. Тринаесеттото коло беше баксузно за фенерџијата Тетекс, екипа што повторно прими 5 гола, овојпат од Вардар.

Филип Ивановски со два гола потсети на најдобрите времиња кога го предводеше најтрофејниот клуб до титули. Голеадата на Вардар ја почна Филип Петров, во листата на стрелците се запишаа и Артак Дашјан и Иванов, секако и двапати Ивановски.

Работнички лесно го совлада Силекс за петта победа во низа, а во Кратово денеска беше 0-2 за гостите од Скопје. Стрелци беа Цикарски и Тодоровски, па шампионот го задржа второто место зад Вардар со 25 бода, 8 помалку од лидерот.

Шкендија во убав меч го надигра Металург и победи со 2-1 во Тетово. Жуниор и Вручина со еврогол од слободен удар и донесоа предност на Шкендија, а на 1-2 намали репрезентативецот Радески.

Најжешко попладнево беше во Штип, каде во локалното дерби Брегланица и Турново ги поделија бодовите со реми, 1-1. Гостите поведоа со голот на сашко Пандев во 25 минута, а истиот играч беше исклучен во финишот од првиот дел. Заедно со него поради црвен картон во соблекувалната замина и Мавров, па Турново остана со два играчи помалку. Брегалница притисна, израмни на 1-1 во 52. минута, но не најде рецепт за победа и три бода.

Во Битола Пелистер загуби од Ренова со 0-1, со голот на Чампара во 86. минута.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top