Во конкуренција на 142 земји Македонија е на 70. место на годишното рангирање за еднаквост на половите во светот, изработено од Светскиот економски форум објавено.
На првото место се наоѓа Исланд со резултат од 0.8594, а на последното е Јемен со 0.5145 поени.
Македонија е на 70. место со вкупно 0.6943 поени, веднаш зад Италија (69) и пред Бразил (71). Од нашите соседи, Албанија е на 83, Бугарија на 22, Грција на 91, Србија на 54 место, Хрватска е на 55, Романија на 72, Словенија на 23 и Црна Гора на 74 позиција.
Македонија во 2013 година беше на 57 место од 136 земји со вкупно 0.701 поени. Глобално земено варијациите во Македонија се стабилни од 2006 до 2014 и е подобро позиционирана од светскиот просек. (http://reports.weforum.org/
Глобално на светско ниво, ако ситуацијата се подобри во областа на образованието и здравството, потребни се напори за намалување на разликите меѓу мажите и жените во политичкиот живот, како и во економските перспективи.
Јемен се наоѓа на последното место веќе девет години со ред, пред Пакистан, Чад, Сирија и Мали. Во оваа земја, се забележува дека нема ниту една жена во Парламентот и дека постои голема разлика (најголема во светот) меѓу неписменоста и школувањето на машките и женските деца.
Нордиските земји остануваат најрамноправни општетства во областа на еднаквоста меѓу половите, на прво место Исланд, следен од Финска, Норвешка и Шведска. Данска паѓа од осмото на 50. место, додека Франција се искачува од 45 на 16 место.
Саадиа Захиди, директорка во Светскиот економски форум и главен автор на студијата, објаснува дека во најголем дел, напредокот во еднаквоста на половите во текот на последната деценија се должи на зголемувањето на бројот на жените кои учествуваат во политичкиот живот и на пазарот на трудот.
– Во јавниот живот сега 26% од парламентарците се жени и 50% се министри повеќе во споредба со од пред девет години, се вели во соопштението за печатот.
Извештајот покажува дека зголемувањето на пропорцијата на жените на пазарот на трудот придонесува за продуктивноста.
Понатамошното намалување на разликите во оваа област би можеле да имаат уште поголеми позитивни последици за економиите на развиените земји, се вели во извештајот. Тоа според проценките би можело да го зголеми за 9% внатрешниот бруто производ на САД и за 13% на евро зоната.
Додека најголемиот број од земјите ги намалуваат разликите во областа на здравството и образованието, тенденцијата е спротивна во Бахреин, Колумбија и во Јапонија.
Во извештајот како показатели се земени разликите меѓу половите во платите, учеството во пазарот на трудот, висококвалификуваните работни места, пристапот во образованието, застапеноста на одговорни места, долговечноста и застапеноста на жените и мажите во вкупното население на земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.