| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓаволски потег на Ван Перси, Манчестер јунајтед – Челси 1-1

Манчестер јунајтед се спаси од пораз во четвртата минута од судиското продолжение против Челси, а јунак на „црвените ѓаволи“ е Робин ван Перси.

Холандскиот интернационалец израмни во 94 минута на 1-1, откако претходно Дидие Дрогба му донесе предност на Челси на стартот од второто полувреме.

celsi

Дербито на Англија мина во израмнета игра, а и двете екипи имаа свои шанси за да ги освојат бодовите. Дрогба погоди во 53 минута за радост на гостите од Лондон, но во финишот Ван Перси спаси бод за Јунајтед.

Челси остана лидер со 23 бода по 9 рунди и тоа е единствената екипа во Премиерлигата без пораз. Манчестер јунајтед е на осмата позиција со 13 бода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top