| четврток, 6 декември 2018 |

Седма победа за Вардар во СЕХА лигата

vardar-14
Шампионот на СЕХА лигата Вардар ја постигна и седмата победа во ова натпреварување откако во СЦ „Јане Сандански“ го победи словачкиот тим Татран Прешов со 32:26 (18:12). „Црвено-црните“ одлично го почнаа натпреварот и по осум минути игра водеа со 5:0. Оваа предност Вардар ја зголемуваше и највисокото водство го имаше во 40. минута кога водеше со 25:16.
 
Со 10 голови Тимур Дибиров беше најефикасен на натпреварот, по 4 голови постигнаа Немања Прибак и Стефан Терзиќ, а голманот на Вардар Арпад Штребик имаше 15 одбрани.
 
Со оваа победа Вардар се изедначи со Веспрем на врвот на табелата и двата тима имаат по 21 бод. Татран Прешов остана со 12, колку што има и Мешков Брест. ППД Загреб и Металург имаат по 9 бодови, а потоа следуваат аднички и Борац со по 4, Нексе има 3, а Војводина 2.
Вториот македонски тим во СЕХА лигата Металург утре од 20:15 часот во СЦ „Борис Трајковски“ е домаќин на Борац од Бања Лука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top