| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар експрес ја прегази Шкендија за 45 минути

Вардар игра одлично и повторно е подобар од Шкендија, во ново фудбалско дерби, овојпат во меч од осминафиналето на националниот куп. За само 45 минути скопјани постигнаа три гола и водат со 3-0 против лутиот ривал со иста боја дресови, „црвено-црна“.

vardar-skendija-3-golot

Шкендија попладнево игра во бели дресови на арената „Филип Втори“, а гостите како да истакнаа бело знаме уште од стартот на реваншот и се пред дебакл. Асани со еврогол во третата минута ја „скина“ мрежата на Јовановски, а одличното издание на Вардар со голови го крунисаа и Дашјан и Таневски. Домаќините имаа целосна контрола на играта во првото полувреме и се на пат кон четврт-финалето на македонскиот фудбалски Куп.

Првиот меч во Тетово го доби Шкендија со 2-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top