Докторите- интернисти од Здравствен дом Скопје месецов имаат реализирано најмногу прегледи, покажуваат податоците од националниот систем за електронски евиденции во здравството, „МојТермин“.
Доктор Бранко Алексов од одделот за интерна медицина при Поликлиника Букурешт – Здравствен дом Скопје, реализирал 434 прегледи од почетокот на месец октомври досега, односно има најмногу реализирани амбулантски прегледи од сите доктори од овој Здравствен дом, во овој период.
Наредни на листата со најголем број реализирани амбулантски прегледи во текот на месец октомври (над 300 прегледи), се и други тројца доктори-интернисти, меѓу кои: д-р Јелка Дамеска од Поликлиника „Букурешт“ – 338 прегледи, д-р Славица Лакинска од Поликлиника „Јане Сандански“ – 324 прегледи и д-р Никола Стојановски од Поликлиника „Јане Сандански“ – 305 прегледи.
Во ЗД Скопје во текот на месецов меѓу 200 и 300 амбулантски прегледи реализирале вкупно 30 доктори од повеќе различни специјалности, меѓу кои: оториноларингологија, офталмологија, дерматовенерологија, ортопедија, физикална и рехабилитациона медицина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Околу 2.000 доктори заминале од Македонија
-
Специјализантите до Заев: Форсирањето за исплата на пари само за одредена група доктори е дискриминаторско!
-
Ова е вистинската причина: Зошто докторите и медицинските сестри на работа носат кломпи?
-
За неколку години Македонија ќе остане без лекари специјалисти