| четврток, 6 декември 2018 |

Прво, па женско

Ќе има и базар во фоајето на МКЦ, каде што ќе има можност да се купат и подароци, пред сè накит направен од македонски дизајнери, како Ивана Кнез, Нита Муча, Дафина Џепаровска, Александра Шекутковска...

prvo-pa-zensko-

Тиииит! И МКЦ организира целодневен настан на 8 март, замислен како прослава на празникот на поинаквата жена. Програмата ја сочинуваат работилници, изложби, филмски проекции, концерти и диџејски настапи инспирирани од жената.

Во музичкиот дел на програмата, на матине-концерт во 18 часот ќе настапи скопскиот бенд „Џун“, а во вечерниот термин во „Денсинг салата“ на МКЦ, од 20 часот, ќе настапи српскиот алтернативен рок-бенд Репетитор, кој ќе го претстави својот штотуку излезен албум.

Ќе има и базар во фоајето на МКЦ, каде што ќе има можност да се купат и подароци, пред сè накит направен од македонски дизајнери, како Ивана Кнез, Нита Муча, Дафина Џепаровска, Александра Шекутковска и други. Ќе има филмска програма во киното „Фросина“, кулинарски настан…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top