Поранешниот моден претприемач Пјер Берже остро ги критикуваше трендовите меѓу водечките дизајнери да вклучуваат традиционални исламски елементи во женските колекции. Според него, на тој начин модната индустрија учествува во „поробување на жените“.
Некогашниот партнер на покојната модна легенда Ив Сен Лоран им се обраќа на дизајнери како Долче и Габана, кои оваа година се пробиваат на муслиманскиот пазар со специјалната серија „Абаја“, вклучувајќи фустани до глуждовите и шалови за глава хиџаб.
По нивните стапки тргнаа и други брендови како шведската „H & M“ и британската „Marks & Spencer“, претставувајќи „буркина“,костими за капење кои го покриваат целото тело.
Креаторите не треба да имаат заедничко со исламската мода. Дизајнерите се таму за да ги направат жените поубави, да им дадат слобода, а не да и помогнат на оваа диктатура, која наметнува грозоморно криење на жените и ги тера да живеат скриен живот …„Откажете се од парите и имајте некакви принципи“, изјави Берже, кој раководеше со модната куќа на Ив Сен Лоран речиси 4 децении.
Доменико Долче и Стефано Габана сепак не се пионерите во ова, минатата година марки како „Zara“, „Tommy Hilfiger“ и „Mango“ пуштија различни колекции за светиот месец Рамазан, по успехот на посебната линија на „Donna Karan“ една година претходно.
Овие дизајнери помагаат за поробување на жените, смета Берже. “Принципите доаѓаат пред парите.
-Треба да ги научиме муслиманките да се бунтуваат, да ја отстранат облеката и да живеат како повеќето жени во останатите делови на светот”, додаде тој.
“Не сум исламофоб. Жените имаат право да носат марами, но не гледам зошто се приближуваме кон оваа религија и овие и други практики кои се некомпатибилни со западните слободи”, изјави уште Берже.
Интересно е дека и покрај ваквото мислење, Пјер поминува поголем дел од своето време во Мароко, каде населението е претежно муслиманско.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.