| четврток, 6 декември 2018 |

Конкурс за млади дизајнери „Млади балкански дизајнери 2016“

Балканската дизајн мрежа распиша регионален конкурс „Млади балкански дизајнери“ за 2016 година под слоганот „Ново аналогно“.

Рокот за пријавување е 10 април.

Повикот е отворен за сите членови на Балканската дизајнерска мрежа до 35 години возраст од Албанија, Австрија, БиХ, Бугарија, Хрватска, Грција, Унгарија, Македонија, Црна Гора, Романија, Словенија, Србија и Турција.

Зачленувањето во мрежата е бесплатно. Повикот е за креирање дизајнерски проекти – производи, концепти, сценарија, услуги, кои ја враќаат рачната изработка во процесот на производство и дизајн, директно поврзувајќи ги за материјали, занаети и техники што ги нуди балканската култура.

Конкурсот има за цел да истражи начини на кои Балканот може да активира и афирмира вредности од сопствени културни добра и придонесе во глобалната расправа за дехуманизација на процесот на производство.

Од дизајнерите се бара размислување за хуманизација на процесот на производство, како и за начините за спроведување локални вештини и занаети во современ дизајн со фокус на директно и непосредно вклучување на локалната заедница во процесот на решавање на проблемите и производство наспроти нивното фиктивно вклучување по пат на социјални мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top