| четврток, 6 декември 2018 |

Есенски базар на уникатни современи уметнички творби

Од 3 до 5 ноември ќе биде организиран голем Есенски базар на уникатни современи уметнички творби, кои рачно ги имаат изработено мајстори – креативци.

Станува збор за повеќе од 20тина индивидуалци, artisans – уметници, и 18 брендови, кои ќе ги претстават пред јавноста своите најнови и оригинални производи. Овие три денови ќе може да се купат автентични производи од филигран и модерен накит, преку рачно изработени чанти и чевли, до дрвени пеперушки, оригинално нацртани маички, саксиички, сувенири и играчки за деца, брошови, урбани принтови и рачно изработени шалови на разбој.

Секој рачно создаден производ е бесценета приказна, која го заокружува целиот вложен труд на овие креативци, време, внимание и посебно вложена љубов во секој детал од нивната работа. Секој од нив има изградено свој препознатлив уникатен стил, кој раскажува шарени визуелни приказни, со убав почеток и крај, приказни, кои долго ќе се паметат и со радост ќе се раскажуваат. Визуелната комуникација за овие уметници претставува клучна инспирација, моќта да допрат до некого најдлабоко, без притоа да разменат ниту еден збор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top