Актерот Џад Лоу (41) ги изненадил своите обожаватели со соопштението во кое објавил дека чека дете од својата поранешна девојка, пејачката Кетрин Хардинг, односно Кет Кевели, со која ја раскинаа врската на почетокот на годинава.
Џад Лоу и Кетрин, која е помлада 18 години од него, своето дете ќе го добијат на почетокот на следната година.
– Иако не се веќе во емотивна врска, тие се многу среќни. И двајцата ќе бидат посветени на детето – изјавиле од тимот за односи со јавност на Лоу.
Тој досега има три деца од бракот со Сејди Фрост и едно дете со манекенката Аманда Брук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.