| четврток, 6 декември 2018 |

Забрана која почнува со „да“

dete roditelЗборот кој повеќето родители најчесто го изговараат е: „не“. Тој збор е причина за проблемите во воспитувањето на децата. Меѓутоа, постои и друг начин за нешто да им се забрани без зборот „не“.

Кога детето ќе слушне „не“, што претставува забрана за нешто што планирало да направи или нешто да изеде, а не требало, тоа автоматски предизвикува природна потреба да се бори за афирмативниот став на родителите и за „да“.
Кога детето вели: „Мамо, не сакам да одам в кревет“, мајката му одговора: „Не, ти треба да одиш в кревет“. Тогаш родителот, всушност, почнува војна со детето. Тоа е судир на две ега, зар не?

Наместо таков одговор, обидете се со следново: „Да, знам дека сакаш малку повеќе да останеш буден, ајде да се договориме за тоа“. А, потоа предложете уште колку минути ќе биде будно и објаснете му дека неговото тело сака да спие и зошто е тоа важно .

Истото правило важи и кога детето не сака да ги собере играчките, кога сака да јаде некое омилено јадење што не е здраво и слично.

„Да пристапот“ прави чуда, советуваат педагозите. На тој начин родителот се приближува до своето дете наместо да му каже „не“ и да го отфрла во полето на „непријателот“.

Пробајте го ова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top