| четврток, 6 декември 2018 |

Карачиќ: Лесно е да се игра за ваков клуб со неверојатен тимски дух

Игор Карачиќ беше одличен вечерва во дресот на Вардар и со 5 гола имаше значајна улога во победата на „црвено-црните“ против Рајн Некар Левен. Хрватскиот интернационалец не заборави да ја пофали одбраната и голманот Штербик, а истакна дека е лесно да се игра за Вардар, со ваква тимска атмосфера во клубот.

 „Му честитам на целиот тим за фантастичната партија. Второто полувреме го одигравме со срце, докажавме дека имаме фантастичен тим и дека можеме да славиме против секого. Гинеме за овој дрес, за овој амблем и го совладавме еден од најдобрите тимови во Европа. Одбраната беше на ниво, Штербик беше фантастичен, но пресуди нашиот карактер и желбата за победа“ – изјави Карачиќ по натпреварот.

Хрватот игра како препороден откако е во Вардар и се наметна како миленик на публиката, а со игрите стаса и до дресот со националните бои на Хрватска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top