Македонскиот вицешампион Вардар одигра ракометна престава достојна за фајналфор турнирот и со 28-25 го победи силниот германски тим Рајн некар Левен.
Во второто полувреме вардарци комплетно го скршија отпорот на Ландин и соиграчите и на крилата на одличниот голман Штербик и на офанзивните квалитети на Дибиров, Брумен и на Дујшебаев успеаја да слават и третпат во три натпревари во Лигата на шампионите.
По првиот дел беше израмнето 13-13, а „црвено-црната“ фурија тргна од стартот на второто полувреме. Вардар поведе со 21-16 и со одлична игра го победи РН Левен. Штербик одбрани дури 17 удари и е еден од најдобрите голмани во новото издание на ЛШ, со импресивни престави во првите три кола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


