Еден од најискусните играчи на ракометниот шампион Вардар хрватот Блаженко Лацковиќ вечерва е меѓу најактивните на теренот а во шеснаесетата минута од второто полувреме во обид да стигне до топката пред голот на гостите 33 годишниот Хрват се фрли неколку метри со што ги заслужи сите аплаузи од петилјадната публика во Аеродром.
Лацковиќ лани играше за Хамбург а во 2003 година со Хрватскиот национален тим стана светски шампион. Една година подоцна во 2004 година беше и олимписки шампион.
Роден е на 25 декември 1980 година во Вараждин, висок е 196 цм, тежок 99 кг , женет е со Николина има еден син Лука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


