| четврток, 6 декември 2018 |

Атрактивен ракомет на дербито, Вардар – Рајн Некар 13-13

Атрактивно, брзо, ефектно и ефикасно играат Вардар и Рајн Некар Левен во дербито на третото коло во ракометната Лига на шампионите. Во Скопје по половина час игра е нерешено 13-13, а двете екипи имаа свои моменти.

Вардар поведе со 2-0, а потоа следеше серија од 4 гола на гостите, за чпредност од 4-2. Штербик се разбрани на голот на Вардар, нападот функционираше добро, па домаќините поведоа со 9-7. Германскиот тим има одлично вкомпониран тим и со ефикасна игра во финишот успеа да израмни на 13-13.

Овој дуел е поргласен за дерби на третото коло во ЛШ од страна на ЕХФ и со квалитетот во првото полувреме сосема го оправда тој епитет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top