| четврток, 6 декември 2018 |

Украина ја доби фудбалската битка во Лвов, Македонија поразена со 0-1

Украина ја доби фудбалската битка во Лвов против Македонија со единствениот погодок на мечот на Сидорчук, во финишот на првиот дел. Македонските фудбалери беа сосема рамноправни, имавме добри шанси за гол, но не ја затресовме мрежата на Пјатов и го претрпевме вториот пораз во Ц групата по три рунди.

Адис Јаховиќ во првиот дел и Бесарт Абдурахими во второто полувреме имаа одличпни можности, но не реализираа. Сидорчук со вториот гол за Украина во вториот настап го одлучи победникот, а домаќините можеа да зголемат на 2-0 на стартот од вториот дел кога Јармоленко промаши пенал.

Македонските репрезентативци се бореа до максимум за секоја топка, што сепак не беше доволно за успех. Сега имаме три бода од три меча и сме на четвртата позиција во Ц групата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top