Украина води со 1-0 против Македонија по првото полувреме, во кое бевме сосема рамноправни и во играта и според шансите, но во самиот финиш со гол во мрежата на Пачовски не казни Сидорчук.
Адис Јаховиќ ја имаше веројатно најдобрата шанса во првото полувреме, беше осамен пред Пјатов, но не погоди. Убави можности за гол пропуштија и Абдурахими и Адеми, а Македонија конечно покажа заби и квалитет, но и огромна борбеност. Избраниците на Боѓко Ѓуровски се бореа за секоја топка, го издржаа првичниот притисок, а во вториот дел од првото полувреме беа и подобри.
Украина сепак ја искористи шансата и во првата минута од судиското продолжение постигна гол и со предност од 1-0 го чека продолѓението на мечот во Лвов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.