Репрезентацијата на Гибралтар го игра првиот квалификациски циклус во фудбал, денеска загубија со 0-7 од Република Ирска, но сепак посветеноста на навивачите и на фудбалерите е за почит. Гибралтар е најмладата членка на УЕФА, а денеска во Даблин фудбалерие ги бодреа околу 600 навивачи.
Или народски кажано цел Гибралтар допатува во Ирска, за да го следи дуелот од квалификациите за пласман на ЕП во Франција. Оваа држава има околу 26 илјади жители и е меѓу најмалите во Европа. Од нив 600 допатуваа во Даблин, што е бројка за респект на толку мал број на жители.
Сепак многу брзо гостинските симпатизери ги разочара Роби Кин со хет-трик за само 13 минути. Голеадата расниот стрелец на Република Ирска ја најави во шестата минута. Кин повторно погоди во 14. минута, а блиц-кригот го заврши 300 секунди подоцна. Два гола даде Меклин, а еднаш прецизен беше и Хулахан, додека еднаш и самите репрезентативци на Гибралтар си ја погодија својата мрежа, а како стрелец на автоголот е запишан Перез.
Во останатите три меча од второто квалификациско коло играни вечерва, Ерменија и Србија одиграа нерешено, 1-1, идентично беше и на локалното дерби меѓу Романија и Унгарија, а Шкотска со 1-0 ја победи Грузија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.