Македонскиот првак Вардар ќе има огромна поддршка од своите симпатизери на европското ракометно дерби од третата рунда во Лигата на шампионите против Рајн Некар Левен, а сите билети веќе се распродадени.
Европската ракометна федерација го прогласи овој меч за дерби на колото, а Вардар ќе се обиде да остане непоразен на првото место на табелата. „Црвено-црните“ имаат максимален учинок по две кола, до двете победи против Целје, односно со Чеховски Медведи. Во недела од 19,30 часот со помош на 5 илјади бучни навивачи целта е да се надмудри лидерот во Бундеслигата Рајн Некар, екипа што игра извонредно атрактивен и брз ракомет.
Германците имаат одличен состав предводен од светски ѕвзеди од калибарот на Ландин, Петерсен, Геншајмер, Грецки… Тие имаат два бода во првите две кола, а победија дома со Монпелје, а загубија во Унгарија од Веспрем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


