| четврток, 6 декември 2018 |

Свадби на векот (фото)

Според италијанскиот весник  “Република” во последните 100 години барем 50 венчавки биле прогласени за венчавки на векот и во нив најчесто главни херои биле членови на кралски семејства или холивудски актери.

Џорџ и Амал

Џорџ Клуни и Амал Аламудин

2014 г. освен по венчавката на Џорџ и Амал, ќе биде запаметена и по изненадувачката венчавка на Анџелина Џоли (39) и Бред Пит (50).

Откако медиумите со години неколку пати ги венчаа, тие ги изненадија сите и се венчаа на дискретна церемонија во Франција во присуство на своите 6 деца, од кои 3 биолошки.

bred

Бред Пит и Анџелина Џоли

Ким Кардашјан (33) и раперот Кание Вест (37) исто така се венчаа оваа година.

Ким Кардашјан и раперот Кание Вест

Ким Кардашјан и Кание Вест

Во  “свадби на векот ” секако се вбројува и венчавката на фудбалерот Дејвид Бекам и девојката од  “Спајс грлс”, Викторија, која во 1999 г. чинела околу  сегашни 900 000 евра. Тие се уште се заедно и имат 4 деца.

bekam

Дејвид Бекам и Викторија

Помеѓу современите ѕвезди, со свадби во овој век, се и музичките гиганти Бјонсе (33) и Џеј Зи (44). Во 2008г. двајцата прават нестандардна церемонија– се венчаат во апартманот на раперот во Њујорк, кој е украсен со 50 000 орхидеи, нарачани од Тајланд. Според медиумите во Америка трошоците биле околу  1 милион долари.

Том Круз и Кејти Холмс

Том Круз и Кејти Холмс

Малку повеќе – 1,5 млн. евра, потрошиа во 2006г. Том Круз и Кејти Холмс за свадбата  во Италија, но и тоа не можеше да им го спаси бракот, кој заврши со скандал 6 години подоцна, заради внесеноста на Том кон Сциентолошката црква.

Џон Кенеди со Џеки

Џон Кенеди и Џеки

Меѓу најинтересните свадби на минатиот век е и таа на Џон Кенеди со Џеки во 1953г. , свадбите на идолот Елвис Присли со Присила во 1967г. , како и на Џон Ленон со Јоко Оно во 1969г.

Елвис Присли и Присила

Елвис Присли и Присила

Последните се еден од првите парови, кои во типичниот бунтарски стил на 60-те години на XX век не прават скапа церемонија и специјална облека. Свадбата им е на Гибралтар, Јоко е во кратко бело здолниште, патики и голема капа – двајцата се во бело.

Џон Ленон и Јоко Оно

Џон Ленон и Јоко Оно

Скромно облечена е и Елизабет Тејлор за првиот од двата брака со Ричард Бартон – во 1964година – едноставен жолт фустан и цвеќиња во косата.

 Елизабет Тејлор

Елизабет Тејлор и Ричард Бартон

2011г.  беше година на кралските свадби

Тогаш светот исплакна очи на 2 јули на венчавката на Алберт II Монакски (56) и јужноафриканката Шарлин Витсток (36).

Всушност најкоментираната тема за церемонијата беше јавната тага во очите на невестата.

Алберт II Монакски  и Шарлин Витсток

Алберт II Монакски и Шарлин Витсток

Малку пред тоа – на 29 април, милиони во светот ја следеа свадбата на Кејт Мидлтон (32) и принцот Вилијам (32). Тие не се помалку сакани од принцезата Дајана, покојната мајка на Вилијам, која во 1981 г. на 20 години се мажи за татко му – принцот Чарлс. Но нивната приказна завршува со развод, нешто што е исклучително скандалозно за кралски личности, но не и да ја помрачи љубовта кон Дајана.

 Кејт Мидлтон и принцот Вилијам

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам

Современите богати невести во повеќето случаи носат венчаници од познати светски дизајнери. Венчаницата на Анџелина Џоли беше направена од Версаче,Ким Кардишјан – од Живанши, а Шарлин Монакска – од Армани.

Џамбатиста Вали го креираше розевиот свадбен фустан на Џесика Бил за венчавката со Џастин Тимберлејк во 2012 година во Италија, која чинела цели 8,5 милиони долари

Вали исто така импресионира со еден од фустаните, со кои се појави Амал Аламудин на свадбените денови во Венеција.

Инаку најпопуларни модерни дестинации за венчавки на ѕвездите се Италија, Франција и Америка.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top