| четврток, 6 декември 2018 |

Мојсов со нова брада и без два заба (фото)

Даниел Мојсов настрада во дуелот со соиграчот Мухамед Демири и на малку комичен начин дуото македонски репрезентативци се самоповредија по еден дуел на натпреварот со Луксембург. Сепак, и двајцата јуначки продолжија да играат и имаа добар придонес во победата од 3-2.

mosov

Откако стивнаа емоциите по трилер-мечот со Луксембург, селекција што ја победивме со евроголот на Абдурахими во 92. минута, Мојсов објави фотографија на својот профил на „Фејсбук“ со интересен наслов.

„Нова брада и без два заба“, напиша стоперот на македонската репрезентација. Многу време за рехабилитација нема бидејќи Македонија в недела игра со Украина во Лавов, меч од третото квалификациско коло за настап на ЕП 2016 во Франција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top