| четврток, 6 декември 2018 |

Издаден новиот албум на Џими Хендрикс

dzimi-hendriks-e-najdobriot-gitarist-na-site-vreminja-64287

По 42 години од смртта на Џими Хендрикс, објавен е неговиот нов албум на кој се наоѓаат досега необјавени песни.

Се очекува постхумното издание да биде успешно како новата песна на рок-гитаристот Somewhere, која го зазеде првото место на „УС Билборд хот“ минатиот месец.

Албумот „People, Hell and Angels“ беше планиран како продолжение на албумот од 1968 година „Electric Ladyland“. Но, до тоа не дојде бидејќи славниот музичар сфати дека екипата со која соработуваше, тапанарот Мич Мичел и басистот Ноел Рединг, го ограничува.

Така, пред смртта Џими Хендрикс почна да соработува со Стивен Стилс од Buffalo Springfield, со тапанарот Бади Мајлс, саксофонистот Лони Јангблад и со басистот Били Кокс. На албумот има 12 песни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top