Императивот од победа против Луксембург ќе биде дополнителен товар за македонските репрезентативци вечерва од 20,45 часот, но сепак ја носиме фаворитската улога и избраниците на Бошко Ѓуровски треба да најдат начин да ја забележат првата квалификациска победа, за да останат во игра за евентуален настап на Европското првенство во Франција во 2016 година.
Луксембург е репрезентација што бележи подем, одигра нерешено со Белорусија, 1-1, во првото коло од групата и има амбиции без пораз да ја напушти „Филип втори“ арената во Скопје.
Истата селекција ја победи Македонија во пријателски натпревар пред две години со 2-1, но сега влогот е многу поголем. Ибраими, Трајковски, Јаховиќ и останатите македонски репрезентативци вечерва ќе треба да ја оправдаат улогата на фаворит и да ги освојат бодовите.
Веројатен состав, Македонија: Пачовски, Ристовски, Шиков, Мојсов, Цуцули, Адеми, Трајковски, Ибраими, Јаховиќ, Муарем, Абдурахими.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.