Луи ван Гал е на вистинскиот пат да го врати Манчестер јунајтед на победничките патеки, вели сер Алекс Фергусон, легендарниот тренер на „црвените ѓаволи“. По лошиот старт во новата сезона, Манчестер игра сѐ подобро, а и засилувањата сѐ подобро се снаоѓаат во клубот што е рекордер според титулите во Премиерлигата.
– Ван Гал направи многу измени во тимот и нормално е што гради нов состав според своите замисли. Треба да се има трпение, но тој има капацитет успешно да ја спроведе трансформацијата на тимот – изјави Фергусон.
Ван Гал имаше и голема поддршка од раководството на Јунајтед и доби и потроши околу 200 милиони евра за ангажман на нови играч во летниот преоден рок. На „Олд трафорд“ пристигнаа 14 нови фудбалери, а беше урнат и британскиот рекорд при купувањето на Анхел ди Марија, играч што во првите седум кола од англискиот шампионат остави најдобар впечаток. Манчестер јунајтед со 11 бода е на четвртата позиција со заостанување од 8 бода зад лидерот Челси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Кога Англија игра фудбал, Британците ги тепаат жените
-
По пауза од 28 години Англичаните се во полуфинале на фудбалското СП
-
Англичаните се спасија во судиското продолжение