| четврток, 6 декември 2018 |

Екипата на Јута џез му го оствари сонот на болното момче (видео)

Со феноменален гест, лидерите на Јута цез му го остварија најголемиот сон на 5-годишниот Гибсон, кој боледува од акутна леукемија.

Челниците му овозможија да потпише договор со клубот, а потоа и да биде дел од еден ревијален натпревар.

Тие на прес-конференција соопштија дека потпишале еднодневен договор, а покрај тоа клубот уплати и средства за лечење на ова симпатично момче.

Момчето е голем љубител на кошарката и навивач на Јута, па клубот одлучи да покаже хуманитарен карактер така што му овозможија еден ден да помине со екипата, па дури и да заигра за Јута во ревијален натпревар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top