Едно истражување во Јапонија сугерира дека температурата влијае врз настанување на полот на детето при зачнувањето. Повеќе девојчиња се раѓаат кога температурата е во пораст, а момчињата се почувствителни на надворешните фактори.
Од дамнина се верувало дека полот на бебето може да се предвиди врз основа на најчудни показатели. Јапонското истражување тврди дека повеќе девојчиња се раѓаат кога надворешната температура е во пораст.
Неодамнешните флуктуации на температурата во Јапонија се поврзани со сѐ помал број на машки родени деца, односно поголем број родени девојчиња и поголем број починати машки бебиња, тврдат научници од Институтот „М и К“ во Јапонија.
– И претходните истражувања покажале дека односот на половите е чувствителен на температурата, па повеќе девојчиња се раѓаат во тропските земји, а во Финска се раѓаат повеќе момчиња – пишува весникот „Дејли мејл“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)