| четврток, 6 декември 2018 |

Во Шведска се роди првото дете од мајка со трансплантирана матка

бебе

Шведските лекари соопштија дека за првпат во светот жена со пресадена матка родила бебе, пренесоа американските медиуми.
На триесет и шестгодишната жена минатата година и била трансплантирана матка од една блиска семејна пријателка. Таа минатиот месец добила здраво машко бебе, иако предвреме се породила, а сега и двајцата се дома и се во добра здравствена состојба.
Не се наведува името на мајката и каде таа живее.
Д-р Матс Бранстром изјави дека бебето е неверојатно и дека воопшто не плаче. Брансттом е професор по акушерство и гинекологија на универзитетот во Гетеборг и клиниката за ин витро оплодување во Стокхолм и раководител на овој научен проект.
Деталите за случајот ќе бидат објавени наскоро во медицинското списание „Лансет“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top