| четврток, 6 декември 2018 |

Вкупно 237 јавувања на „Ало докторе“ во последните два дена

alo-doktoreee500

Во изминативе два дена на телефонската линија за здравствени совети „Ало докторе“ имало вкупно 237  јавувања.

Од овој месец 17 доктори- специјалисти се достапни за  граѓаните 24 часа за соодветна здравствена услуга преку здравствен совет  и соодветна симптоматска терапија.

Во овој период само едно лице е преночено кон службата за итна медицинска помош поради состојбата за која се јавило на 15123, „Ало докторе“.

Во најголем број јавувањата од страна на граѓаните за медицински совет на телефонската линија биле за  здравствени совети со врска со крвниот притисок, главоболки и респираторни симптоми.

Денеска на дежурство во повикувачкиот центар на „Ало докторе“ од 18 до 22 часот ќе биде  д-р Горан Панчевски –директор на клиниката за максилофацијална хирургија, а в сабота директорката на Здравствен дом – Скопје д-р Татјана Баевска – Вучковиќ – специјалист педијатар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top