
Лепа Брена ги демантираше пишувањата на медиумите дека во една хрватска клиника ставила силикони во градите и објаснила зошто, всушност, нејзиното деколте е побујно.
Пејачката во „Ексклузив“ на „Прва телевизија“ објаснила дека, всушност, ништо не менувала на своите гради, туку дека така изгледа благодарение на фактот дека се здебелила.
Иако на сите прва асоцијација им беше посета на естетски хирург, па се пишуваше дека Лепа Брена ги доградила и затегнала градите, сепак причина е природна состојба и во овој случај пријателски настроените килограми
-Тоа е последица на годините и на вишокот килограми. Признавам дека малку сум здебелена, некои 6-7 килограми. Килограмите се добро распоредени и отишле на вистинското место – изјавила Брена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


