В сабота, 4 октомври, со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет на матичната сцена премиерно ќе биде изведена најновата продукција на оперската претстава „Така прават сите“ од Волфганг Амадеус Моцарт. Со претставата вечерва ќе се отвори „Интерфест“ во Битола, а ќе биде изведена и во Куманово и во Тетово. Во главните улоги в сабота ќе настапат: Благица Поп Томова, Николина Јаневска, Катерина Стојановска, Кристијан Антовски, Дејан Стоев и Владимир Саздовски. Сценографијата е на Зоран Николовски, изборот на костими на Марта Трендафиловска, а режијата на Цветан Стојановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.