Државниот секретар на САД, Хенри Кисинџер изготвил планови за воздушен напад врз Куба пред речиси 40 години покажаа владини документи добиени од страна на истражувачи објавува Би-Би-Си.
Според истражувачите, Кисинџер бил лут од воената интервенција на Куба во Ангола во 1976 и ја разгледал можноста за одмазда ако кубанските сили беа распоредени на друго место во Африка.
Информациите доаѓаат од документи декласифицирани на барање на Националната архива за безбедност. Тие покажуваат дека Кисинџер посакувал САД да ѝ се спротивстави на Куба.
Документите од претседателската библиотека „Џералд Р Форд“, покажуваат дека американските власти смислиле планови за напад на пристаништа и воени инсталации во Куба во прилог на мерките наредени од Кисинџер за распоредување на морските баталјони врз основа на американската поморска база во заливот Гвантанамо.
Плановите никогаш не биле реализирани, откако Џими Картер беше избран за претседател истата година.
Планираните интервенции на Кисинџер се исполнија после 15 години, откако група од околу 1500 кубански бегалци обучени и финансирани од страна на ЦИА започнаа инвазија врз Куба преку морето во Заливот на свињите.
Планот беше да се собори Фидел Кастро и неговата револуција.
Но, тоа се претвори во понижувачки пораз кој ја турна Куба цврсто во рацете на Советскиот Сојуз и ги влоши односите помеѓу САД и Куба до ден денес.
Поддржувачите на Кисинџер велат дека тој одиграл клучна улога во надворешната политика на САД за време на претседателите Никсон и Форд во екот на Студената војна, истакнувајќи дека тој посредуваше да се намали затегнатоста со Советскиот Сојуз, го отвори патот за претседателот Никсон кон историската посета на Кина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.