САД ќе го повлечат поголемиот дел од персоналот во амбасадата во Куба како одговор на мистериозните акустични напади врз американските дипломати.
Американците се предупредени да не ја посетуваат Куба затоа што некои од нападите се случиле во хотели, објави „Би-би-си“, повикувајќи се на доверливи извори.
Од крајот на 2016 година досега повеќе од 20 американски дипломати се пожалиле на тегоби, губење на слухот, вртоглавици и мачнина. Куба отфрла каква било поврзаност со тоа.
Минатата недела американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон, рече дека се разгледува можноста за затворање на амбасадата во Хавана.
САД повторно ја отворија амбасадата во Хавана во 2015 година по неколку децении замрзнати односи. Во 2016 година Барак Обама стана првиот американски претседател што ја посетил Куба од Келвин Кулиџ во 1928 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


