Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп им нареди на 15 дипломати од кубанската Амбасада во Вашингтон да ги напуштат САД, соопштија денеска извори во Стејт Департментот.
Ваквата мерка следи откако минатата недела САД го преполовија бројот на своите дипломати во Хавана.
Според изворите во Стејт Департментот, американската одлука се должи на „неспособноста на кубанските власти да гарантираат адекватна заштитата на американските официјални претставници во Куба“, кои беа предмет на мистериозни напади, по што се жалеа на здравствени проблеми.
Кубанските дипломати имаат рок од седум дена да заминат од САД. Тие треба да ја напуштат земјата, но не се прогласени за персона нон грата, мерка со која не би им било дозволено да се вратат во САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


