
Бебето кое дојде на свет во дворот на Гинекологија Чаир се вика Анџело, пренесува Здравство24.мк.
Мајката Перјан се породи во автомобилот на соседот, кој од Шуто Оризари ја донел до болницата “Мајка Тереза”.
Родилката за zdravstvo24.mk вели дека породувањето се случило многу брзо. За кратко време излегле лекар и сестра и со болничка количка ја внеле во операциона сала.

Анџело е трето дете на Перјан. Има две ќерки. Не знаела кога и бил терминот за породување, бидејќи не одела на редовни прегледи. Само еден ден по породувањето на сопствено барање ја напушти болницата и со бебето си замина дома.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)


