| четврток, 6 декември 2018 |

Кајмакоски промотор на македонската репрезентација за дуелот со Луксембург да ни биде песна

Даниел Кајмакоски е новиот промотор на фудбалската репрезентација на Македонија пред дуелот со Луксембург во рамките на квалификациите за настап на Европското првенство во Франција. Денеска Кајмакоски ќе биде присутен на прес-конференцијата пред важниот меч од втората рунда со Луксембуржаните, што ќе се игра на 9 октомври во Скопје.

FFM - Kajmakovski (Custom)

Претходно во истата улога беше и легендарниот член на групата „Леб и сол“, Влатко Стефановски. На средбата со новинарите селекторот Бошко Ѓуровски ќе го објави списокот на фудбалери со кои Македонија ќе атакува на првите бодови во групата, по стартниот пораз од Шпанија со 1-5.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top