| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија и Белорусија ќе соработуваат во полето на културата

beti kanceska

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска се сретна со амбасадорот на Република Белорусија во Србија Владимир Чушев, кој е надлежен и за Република Македонија. Канческа-Милевска и Чушев на средбата разговараа за односите во областа на културата меѓу двете земји и се согласија дека е потребна поголема размена на проекти и уметници кои би учествувале на фестивалите во Македонија и во Белорусија, како и поголема директна соработка меѓу институциите во двете земји.

Беше разгледана можноста да се иницира потпишување правен документ со кој формално би се регулирале односите во областа на културата меѓу Македонија и Белорусија.

Министерката за култура подвлече дека потпишувањето на еден ваков документ ќе придонесе за развивање на меѓусебните односи и подигнување на свеста, особено меѓу младите, за запознавање со историјата и културата на народите од двете земји.

На средбата министерката за култура го запозна амбасадорот и со инвестициите на Владата на РМ и на Министерството за култура, како и за соработката во сите дејности во културата. Канческа-Милевска упати и отворена покана до министерот за култура на Белорусија за посета на нашата земја како и за присуство на одбележувањето на 10 годишниот јубилеј од постоењето на Форумот на словенски култури на почетокот на ноември годинава во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top