| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва премиера на „Деца на сонцето“ во Лондон

deca-na-sonceto03

Играниот филм „Деца на сонцето“, во режија на Антонио Митриќески, вечерва во 18.20 часот на „Пикадили“ во срцето на Лондон ќе доживее светска премиера во рамките на Меѓународниот фестивал на независен филм „Реинденс“. Филмот ќе се натпреварува во официјалната конкуренција на фестивалот во конкуренција со повеќе од 100 играни филма од светот. 
„Реинденс“ се одржува секоја година од 24 септември до 5 октомври на „Пикадили“. Во текот на 22 години фестивалот се претвори во вистински бренд како еден од најголемите и најзначајни фестивали на независен филм, своевиден пандан на американскиот „Санденс“, со кого е во тесна соработка. Вакви фестивали „Реинденс“ има во уште десет града на овие два континента, и тоа: Монтреал, Торонто, Ванкувер, Њујорк, Лос Анџелес, Детроит, Берлин, Брисел, Париз и Будимпешта. 
„Деца на сонцето“ на Митриќески имаше македонска премиера на затворањето на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола минатата седмица. Скопската премиера е закажана за 1 октомври истовремено во кината „Милениум“ и во „Синеплекс“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top