| четврток, 6 декември 2018 |

Првата рунда во купот за Шкендија, прв пораз сезонава за Вардар

Шкендија забележа вредна победа од 2-1 против Вардар, во дербито од осминафиналето во националниот куп на Македонија, а за „црвено-црните“ од Скопје тоа е прв пораз во оваа сезона.

Со голот на Бојан Вручина од пенал во седмата минута тетовци поведоа со 1-0, а само десетина минути подоцна Бобан Грнчаров израмни на 1-1. Со тој резултат се замина на одмор меѓу двете полувремиња, а домаќините уште еднаш ја затресоа мрежата на Вардар во финишот на мечот за минимална предност пред реваншот во Скопје.

Во уште едно прволигашко дерби на осминафиналната рунда Турново и Брегалница одиграа без голови, а сите останати дуели се во тек.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top