
По македонската премиера на долгометражниот игран филм “Деца на Сонцето”на Антонио Митрикески, во рамките на филмскиот фестивал “Браќа Манаки” филмот патува за Лондон. Утре, на 25 септември, ќе ја доживее својата светска премиера со гала прикажување на големиот 22 по ред Интернационален филмски фестивал „Реинденс”. Филмот ќе се натпреварува во официјалната конкуренција на фестивалот.
Исто така вечерта на 26ти ќе има забава, која фестивалот ја организира специјално за филмот, на која ќе присуствуваа и амбасадорот на Република Македонија во Велика Британија, Јордан Донев.
Фестивалот се одржува секоја година од 24 септември до 5 октомври. Македонскиот филм ќе биде прикажан во 18.20 часот на 25 септември, а ќе има и втора проекција следниот ден во 16 часот. Фестивалот се одржува во срцето на Лондон на Пикадили.
„Реинденс” во текот на 22 години се претвори во вистински бренд како еден од најголемите и најзначајни фестивали на независен филм, своевиден пандан на американскиот „Санденс”, со кого е во тесна соработка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


