| четврток, 6 декември 2018 |

Од кога македонски државјани одат во џихад?

 

Al Quds brigades pose in GazaУште пред да почне граѓанската војна во Сирија, најмалку шест македонски државјани биле во џихад во Ирак и Авганистан, тврди извор од безбедносните служби за Дневник. Првите „официјални“ муџахедини од Македонија се четворица македонски државјани кои учествувале во борбите во Авганистан против коалициските сили. Во 2002 година пакистанските служби за безбедност ги заробиле четворицата кога од Авганистан влегле во племенската област во Пакистан. Изворот одби да даде подетални информации за идентитетот на четворицата македонски државјани. Не се знае ниту нивната натамошна судбина. 

Истата година Македонија ја почна својата прва мировна операција во странство токму во Авганистан. АРМ во август 2002 година ги испрати своите први двајца офицери во рамките на турскиот контингент во силите на ИСАФ, мисија во која с` уште учествува.

Првиот џихадист во Ирак

Прв македонски државјанин убиен во џихад е извесен Мустафа K. од струшкото село Лабуништа. Според изворот, Мустафа загинал во Ирак во 2005 година борејќи се во екстремистичка исламска група против коалициските сили. Пред да замине во џихад во Ирак тој бил на школување во Египет и во Саудиска Арабија. Истата година Мултинационалните сили -Ирак, коалиција во која учествуваше и АРМ, заробиле друг македонски државјанин. Тој бил еден од 331 странски борец кои коалициските војници ги заробиле од април до октомври 2005 година. Генерал-мајор Рик Линч, командант на меѓународните сили, на брифинг на 20 октомври таа година првпат ја споменува Македонија како земја чиј државјанин е заробен во борбите со коалициските сили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top