Рајан Гигс, Пол Сколс, браќата Невил и Ники Бат се сопственици на осмолигашки клуб во Англија, а целта е за петнаесеттина години да се стаса до елитата, до Премиерлигата. Станува збор за клубот Салфорд, веројатно најпознатиот нисколигаш во Европа, со петмина звучни фудбалски имиња како сопственици. Поранешните фудбалери на Манчестер јунајтед од златната генерација 92 веднаш се снајдоа и половина од акциите му ги продадоа на сингапурскиот могул Питер Лим, човек што тежи околу една и пол милијарди фунти.
Лим е голем пријател на петорката од Манчестер, сега со него ко-сопственици на Салфорд, а вети вложувања од 20 милиони фунти за да се стаса до небеските височини, можеби и до Премиерлигата. Салфорд е клубот каде неколку големи ѕвезди на Јунајтед ја почнаа кариерата, па ова е веројатно најдобриот начин да му се оддолжат на матичниот клуб. Внимавајте на Салфорд, новиот фудбалски тигар на Англија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Кога Англија игра фудбал, Британците ги тепаат жените
-
По пауза од 28 години Англичаните се во полуфинале на фудбалското СП
-
Англичаните се спасија во судиското продолжение


