| четврток, 6 декември 2018 |

Без голови на дербито во Битола, Пелистер – Шкендија 0-0

На натпреварот во Битола на стадионот под „Тумбе кафе“ мрежите мируваа во текот на целиот меч. Стрелците на двата тима не беа расположени за голови и без многу шанси натпреварот Пелистер – Шкендија заврши 0-0.
Пелистер ја пропушти шансата со победа да се доближи до лидерот Вардар кој сега има четири бодови предност.

Шансата за да се доближи до врвот во првата македонска фудбалска лига ја искористи Металург кој минимално славеше на стадионот во Тетово против Тетекс со 1-0.
Стрелец на единствениот гол беше Петров во 67 минута од натпреварот. Ова беше прв натпревар на Тетекс на својот стадион во Тетово бидејќи до сега своите натпревари како домаќини ги играа во Ѓорче Петров во Скопје, но и тоа не помогна да ја избегнат последната позиција на табелата.

Силекс и Брегалница одиграа 1-1 во Кратово. Силекс веќе три кола ја нема почуствувано победа и ја испушти шансата да се бори со Вардар за лидерското место. Поведа домаќините со голот на Дурански во 17 минута, но Велковски израмни во 74 минута на 1-1 и и донесе на својата екипа голем бод во борбата за опстанок оваа сезона.

Табела: Вардар 18, Пелистер 14, Металург 14, Силекс 13, Турново 13, Шкендија 12, Работнички 10, Ренова 9, Брегалница 4, Тетекс 2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top