| четврток, 6 декември 2018 |

Нови пет специјалисти изразиле желба да работат во „Ало докторе“

lekari

Се зголемува интересот за работа во повикувачкиот центар на “Ало докторе”, објави „Здравство24“. Нови пет специјалисти сакаат да работат во центарот. Сите имаат повеќе од 10 години работно искуство. Од понеделникот кога стартуваше  повикувачкиот центар досега има околу 1000 јавувања на граѓани кои барале лекарски совет за поголем број на патологии.

Неколку десетици по проценката на специјалистот биле упатени кон Брза Помош. Во центарот работат 13 специјалисти меѓу кои двајца веќе пензионирани. Дежураат и директорите на скопските клиники и здравствени установи во Скопје.

Иако е рано да се коментира, сепак, лекари велат дека центарот ја постигнал целта според која треба да се растерети службата за Итна помош каде досега се јавувале за се и сешто и може да се случи екипата да не стигне на место каде има итен случај.

Од друга страна, пак, граѓаните по телефон можат да добијат совети од специјалист за она што ги мачи. За болка во грб, стомак или колено, наместо на 194 како досега, советите ги добиваат на 15123.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top