Раковдството на АБА-лигата го објави списокот од 39 судии кои ќе ги судат натпреварите во натпреварувачката 2014/2015 година. Еден од условите е судиите да поседуваат лиценца за судење од ФИБА која се обновува на четири години.
Македонија има седум судии што поседуваат таква лиценца, но шест од нив ја имаат обновено.
Александар Милојевиќ и Игор Митровски се судиите од Македонија што ќе имаат можност да ја делат правдата на натпреварите од Јадранската лига.
Покрај овие двајца, од нашата земја во европските купови имаат можност да судат и Алија Феревски, Зоран Митровски, Алексадер Павлов и Петар Денковски. Се очекува оваа сезона сите наши судии со лиценца од ФИБА да дебитираат во Јадранската лига за жени каде што на едно место ќе се сретнат сите балкански шампионки.
Србија е најбројна со девет судии на оваа листа, пред Словенија и Хрватска со по осум арбитри во новата сезона од АБА-лигата. Од оваа сезона на судиската листа се најде и бугарскиот арбитар Искрен Манолов, кој со вклучувањето на Левски во ова натпреварување доби шанса да суди и на Јадранот.
Новата сезона во АБА-лигата почнува на 3 октомври, а во првото коло се среќаваат: Црвена звезда – Левски, Мега визура – МЗТ Скопје, Будуќност – Металац, Шолнок – Партизан, Крка – Цедевита и Цибона – Унион Олимпија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да гласаме за нашите: Македонската судиска двојка номинирана за најдобра во светот
-
СП 2018: Познати судиите за полуфиналните дуели на Мундијалот 2018
-
Повторно ќе ни суди истата двојка: Еве кои судии ги одреди ЕХФ за утрешниот дуел Македонија – Шпанија
-
Андреј Гушко и Сирхеј Репкин од Белорусија ќе судат на мечот меѓу Македонија и Германија