| четврток, 6 декември 2018 |

Повторно ќе ни суди истата двојка: Еве кои судии ги одреди ЕХФ за утрешниот дуел Македонија – Шпанија

Судиската комисија на ЕХФ денеска ги одреди судиите за утрешните натпревари на Европското ракометно првенство во Хрватска, меѓу кои и дуелот меѓу Македонија и Шпанија.

Натпреварот на кој ќе настапи нашата репрезентација им е доделен на Белорусите – Андреј Хуско и Сjархеј Репкин, кои ќе ни судат вторпат на ова првенство. За да биде поинтересно, оваа судиска двојка ја делеше правдата на последниот меч на Македонија против Германија кој заврши со нерешен резултат 25-25.

Првиот натпревар на утрешната програма меѓу Германија и Данска им е доделен на Хрватите Матија Губица и Борис Милошевиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top