| четврток, 6 декември 2018 |

СП 2018: Познати судиите за полуфиналните дуели на Мундијалот 2018

Џунеит Чакир од Турција ќе го води полуфиналниот меч на Светското првенство помеѓу Англија и Хрватска.

Средбата, која се игра в среда на 11 јули на стадионот „Лужники“ во Москва, ќе биде трета за Чакир на ова првенство.

Тој го водеше натпреварите во групната фаза Аргентина – Нигерија и Иран – Мароко.

Претходно денеска, беше соопштено дека уругвајскиот судија Андрес Куња ќе ја води првата полуфинала средба на Светското првенство меѓу Франција и Белгија, која е на прогрмата утре во Санкт Петербург.

До моментов, 41-годишниот судија водеше два натпревари – Франција – Австралија од групата Ц и Иран – Шпанија во групата Б.

Тој е првиот арбитер кој го користеше ВАР системот во двата дуели што ги водеше.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top